За УНИ КЛИМА-КОМПАНИ

УНИ КЛИМА-КОМПАНИ

       УНИ КЛИМА-КОМПАНИ  е компанија формирана во 1994 година, како специјализирана фирма за Климатизација и вентилација со воздушни системи.

Во нашето досегашно постоење и постојан раст, достигнавме до 50 вработени и тоа ВКВ-КВ монтери со долгогодишно искуство.

Со нашиот технички кадар од 2-дипл.маш.инженери со 15-годишно проектантско и оперативно искуство и 3-раководители на објекти можеме да одговориме на сите предизвици како и новитети во системите за климатизација .

Производниот погон за изработка на канали е опремен со сите потребни машини за производство на канали по ДИН 24190, со дневно производство од макс 3000 кг.

Освен канали со правоаголен попречен пресек, произведуваме и канали со кружен попречен пресек, жалузини за вентилација, пригушувачи на звук, кујнски напи, сите форми за градежна лимарија и термоизолација  со алуминиумски лим.

Опремата за климатизација ја набавуваме од брендирани марки како (DYNAIR, KLIMA OPREMA и др.)

Располагаме со возен парк од 4-товарни возила и сите потребни алати и помагала за изведба на Инсталации за климатизација.

Покрај домашниот пазар, присутни сме и надвор од Македонија и тоа на пазарите во Црна Гора, Албанија, Косово каде имаме успешна соработка и изведба во последните 10 години.

Нашето работење е проектирано за 50% работи на готови проекти и 50% на инженеринг систем каде што целосната реализација е на УНИ КЛИМА-КОМПАНИ

 

УНИ КЛИМА-КОМПАНИ-klimatizacija-ventilacija  УНИ КЛИМА-КОМПАНИ-klimatizacija-ventilacija  УНИ КЛИМА-КОМПАНИ-klimatizacija-ventilacija  УНИ КЛИМА-КОМПАНИ-klimatizacija-ventilacija  УНИ КЛИМА-КОМПАНИ-klimatizacija-ventilacija